еМагазин
Image default
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ 11 години ги партизираше институциите

Кога зборува за непотизам, портпаролот на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ треба да го праша неговиот шеф, пионот Христијан Мицкоски, како тој од толку професори на Машинскиот професор, станал асистент кај сопствениот татко, се вели во реакцијата на СДСМ, на прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Наместо да шири празни обвинувања, партискиот портпарол треба да влезе во скапоцениот дворец на ВМРО-ДПМНЕ и да го праша Мицкоски како од Владата на Груевски добил согласност за користење вода и закуп на земјиште за изградба на хидроцентрали во време кога бил советник на Груевски. Целокупната професионална и политичка кариера на пионот Мицкоски се изградени преку: непотизам и шемите со Никола Груевски. Токму ВМРО-ДПМНЕ цели 11 години масовно ги партизираше институциите во кои се вработуваа само партиски членови и поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ.

Истовремено, се правеа брутални притисоци и закани кон приватниот сектор и илјадници компании беа приморани да стават клуч на врата, не можејќи да ги издржат притицоците, заканите, уцените. Меѓу нив се и компаниите кои денеска ги наброја портпаролот на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ“ се вели во реакцијата на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека неколку фирми во стечај на мајката на Костадинов се избришани од регистар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Извештајот на ДСЗИ за случајот со ракометарот Тот е доставен во мојата канцеларија, се чека извештај од судска медицина, вели Сали

Редакција

За 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализиран еден нов пациент

Редакција

Официјално е постигната коалиција меѓу Алијансата за Албанците и Алтернатива

Редакција