еМагазин
Image default
Македонија

Се јави Груевски: Јанева му се заканила на Заев: “ако одам јас, ќе одиш и ти”

Поранешниот премиер Никола Груевски, кој речиси една година е избеган во Унгарија, каде стана азилант, повторно се јави на Фејсбук. Во новиот статус меѓудругото пишува и за наводна средба на Зоран Заев и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, во Владата, на која таа наводно му се заканила.

„Некаде во период март-април оваа година, Катица Јанева за прв пат е поканета во премиерскиот кабинетот со назнака да не влегува од главниот и официјален влез, туку од директниот влез во премиерскиот кабинет од гаражата на Владата, кој се користи при пристигнување и заминување од работното место на секој досегашен премиер.

Секогаш претходно Јанева доаѓа од официјалниот влез на Владата. По средбата Јанева вознемирено известила свои блиски лица дека и било предложено да се повлече од функцијата со образложение дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати продолжување на СЈО со неа на чело.

Предлогот бил, таа да се повлече за СДСМ да го задржи СЈО како свој инструмент во политиката со друг нивни човек на чело, а подоцна по смената на претседателот на Врховниот суд (очигледно уште тогаш планирана), Јанева да биде промовирана во претседател на истиот.

Јанева, која меѓудругото била свесна дека по сегашните закони не може да биде назначена за претседател на Врховниот суд, остро се спротиставила со зборовите: “ако одам јас, ќе одиш и ти”, што засега како што сите знаеме не е така. Сепак, Заев знае на што мислела кога го рекла тоа…“, пишува Груевски.

Целиот негов статус, ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јавноста не дозна кој се е вплеткан и каде се парите: „Рекет“ пред обвинение

Фото: Груевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ОДИХР: Вториот круг од Локалните избори спроведен во натпреварувачки дух, но се регистрирани наводи за притисок врз гласачи

Редакција

(Фото) “Македонска пошта“ издаде поштенски марки со карта на „Голема Хрватска“, целиот тираж ќе биде поништен

Редакција

Продолжуваат судењата за „Насилство во Општина Центар“, „Таргет-Тврдина“ и „Т.Н.Т.“

Редакција