еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

(Фото) Се чистат остатоците од дивата населба под скопско Кале

Екипите на Град Скопје во соработка со општествено одговорни компании веќе два дена темелно ги отстрануваат остатоците од дивата населба под скопското Кале, која почна да се расчистува во големата акција на администрацијата за чистење на градот во текот на минатиот месец.

Градоначалникот Петре Шилегов денеска најави засилени инспекции и казни за сопствениците на приватни имоти кои ќе дозволат на нив да се создаваат диви населби и депонии.

„Досега, во текот на овие два дена имаме подигнато над 500 кубни метри смет. Јас очекувам дека во наредните десетина дена ќе завршиме со расчистување на овој терен. Интересно е што ова место што го чистиме е всушност приватна сопственост и целиот овој потег на левата страна на Вардар, почнувајќи од хотелот „Александар палас“ па се до мостот „Гоце Делчев“, е поранешно државно земјиште коешто е продадено на приватни физички и правни лица.

Ова е последен пат Градот Скопје овде да интервенира. Откако ќе ја доведеме состојбата во ред, ќе ги задолжиме сопствениците на одржување и ќе бидеме ригорозни во изрекување казни ако не ја одржуваат сопственоста чиста.

Сите сопственици се писмено известени, а ја користам и оваа можност јавно да ги известам, за да немаме недоразбирања. Навистина не мислам дека треба да правиме компромис, доколку некој го купил ова земјиште тој треба да го одржува и да не дозволува на него да се случуваат вакви работи, рече Шилегов.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Казни за оние кои ја палат трската на Охридско езеро, но нема кој да казнува

Редакција

(Видео) Отровен воздух во Скопје: „Ако не сака Владата сами ќе го мериме загадувањето“

Редакција

Хаварија во велешки „Благој Ѓорев“, мазут заврши во Вардар

Редакција