еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Се формираше нов планинарски клуб „Клепа“

Еве еден прекрасен пример за единствената мисија која ние планинарите ја имаме на ова тло, а тоа е со нашата активност да мотивираме, поттикнуваме и мобилизираме поголем број млади да почнат да ја сакаат и ползуваат планината, вели планинарот и екологист Игор Смилев за формирањето на новиот планинарски клуб „Клепа“

„Традиционалното искачување на Клепа (оваа година по втор пат) имаше една примордијална и суштествена цел – да го мотивира локалното население за одење во природа. После второто искачување на Клепа, група млади ентузијасти од Росоман, фасцинирани од масовноста на настанот, одлучуваат да формираат планинарски клуб за прв пат во историјата на Росоман. Браво за потегот. Искачувањео на Клепа веќе ја исполни својата цел. Имате наша поддршка и помош, и догодина заедно и во поголем број да и укажеме чест на Клепа која од денес е ваш патрон и заштитник. Имајте лесни нозе и се гледаме на врвовите“, вели Смилев.

Искачувањето на Клепа годинава беше посветена на загинатите планинари Калина Велевска и Александар Миновски, во чија што чест се засадуваа и дрвја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Планинари садеа дрвца и го искачија врвот Клепа во чест на Калина и Александар

На планинарската тура кон Клепа, ќе се садат садници во чест на загинатите Калина и Александар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПРЕДА плус отвори повик за поддршка на стартапи од Пелагонискиот регион

Редакција

(Фото) Румор во Скопје го отвори новото јадро на високата мода

Редакција

Новоматик групата на компании во Македонија, добија награда за унапредувањето на човековите права во бизнисот

Редакција