еМагазин
Image default
Македонија

Се изготвуваат решенија за преземање на одземениот имот на Сеад Кочан

Минатата недела во Агенцијата за управување со одземен имот стаса правосилна пресуда во врска со одземениот имот на „Трансмет“ и Сеад Кочан.

Изготвени се 26 решенија за префрлање на одземениот имот на име на Агенцијата. Од нив 23 имоти се чисти, а три се под залог. Исто така, има и 204 возила, за кои сега се проверува дали се дадени под залог, изјави денеска директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Фатон Асани.

Тој рече дека пресудата е обемна, дека станува збор за имот во вредност од 17 до 18 милиони евра и оти затоа треба да се работи внимателно.

– Неофицијално можам да ви кажам бројки. Изготвени се 26 решенија за префрлање на недвижности, станови, земјиште, деловен простор… од име на „Трансмет“ односно Сеад Кочан на Агенцијата. Од нив три се во залог, а другите 23 се чисти и во соработка со државниот катастар ќе бидат препишани на име на Агенцијата за управување со одземен имот, рече Асани, одговарајќи на новинарско прашање по донацијата на конфискувана стока на 26 институции.

Тој информира дека покрај ова има и 204 возила за кои побарале од Централен регистар да провери дали се дадени под залог, бидејќи, како што рече, имаат сознанија односно документи дека 24 возила кои се со повисока парична вредност се заложени во неколку банки.

МИА/Фото: Телма

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пролонгирано заминувањето во затвор на Сеад Кочан

„Јас стварно незнам зошто се уште сме држава, а не нечиј протекторат„: Твитер реакции за одложеното заминување на Сеад Кочан во затвор

Судот не дава одложување на затворската казна, Кочан доставил ново барање

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Постигната согласност: За кои лица ќе има, а за кои нема да има амнестија

Редакција

Се проширува проектот МКкарта: Кои се новите 68 претставници на дијаспоратa

Редакција

Антикорупциска: Вицепремиерот Груби често пати ги користел службените простории за партиски цели

Редакција