еМагазин
Image default
Локално

Се обидел да го убие пукајќи од „Голф“ во движење

На 16.10.2018 во Полициската станица Тетово било пријавено дека П.П.(33) село Сараќино, тетовско, околу 07.30 часот од возило „Голф“ со тетовски регистарски ознаки, со кое се движел низ селото, од пиштол испукал два куршуми кон Ќ.Е.(56) од истото село, кој одел пеш во близина на неговиот дом, информира МВР.

После тоа, П.П. со возилото заминал од местото. Притоа, еден од куршумите го погодил Ќ.Е. во десната надколеница. По настанот, Ќ.Е. со возило на итна медицинска помош бил пренесен во тетовската клиничка болница и бил задржан на понатамошно лекување.

По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово. На местото била пронајдена една чаура калибар 7,65 милиметри, које била подигната за вештачење. Секторот за внатрешни работи Тетово презема мерки за пронаоѓање на П.П. и за целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Албанец баран од Интерпол уапсен на граничниот премин Долно Блаце

Редакција

Двајца велешани нападнале обезбедувач на банка

Редакција

Скопјанка пријавила обљуба врз нејзината 13-годишна ќерка

Редакција