еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Полесно ќе закажуваме тестирање на корона вирусот преку матичните лекари

Лекарската комора ги извести матичните лекари од „Мој термин“ дека има промена во епидемиолошката анкета за закажување на тестирање на корона вирусот.

„Комисијата за заразни болести имајќи ја во предвид моменталната епидемиолошка состојба и фазата на епидемијата во која се наоѓаме, на состанокот одржан на ден 19.05.2020 година донесе заклучок дека е потребно да се направи измена во Алгоритамот за тестирање, со проширување на индикациите за тестирање со промена во делот за низок ризик.

Имено, прашањето: Дали сте имале контакт со потврден случај на растојание поголемо од 2м или пократко од 15 минути? се заменува со: Немате информации или не сте сигурни, дека сте биле во контакт со потврден/сомнителен случај?

Со ова прашање се опфаќаат сите пациенти кои немаат информација дека биле во контакт со сомнителен или потврден случај,“ велат од Лекарска комора.

Ова прашање правеше големи проблеми во закажувањето за тестирање на корона вирусот преку „Мој термин“, бидејќи кога одминаа два месеци од епидемијата, а се појавуваа сомнителни случаи, матичните не можеа да закажат, бидејќи граѓаните не можеа да бидат сигурни дали имале контакт со заболен, имајќи предвид дека има голем број на асимптоматски носители.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вкупно 149: Расте бројот на заразени со коронавирусот на возраст до 19 години во Македонија

Шест лица со претходни заболувања, повеќе мажи, детали за новите случаи на заразени со коронавирусот

Со претходни заболувања тројца од новопочинатите од коронавирусот во Македонија

Фото: Факултет за ветеринарна медицина

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Четири лица приведени под сомнение дека го предизвикале пожарот во Велешко

Редакција

Нови 788 случаи со Ковид-19, оздравени 541 пациенти, двајца починати

Редакција

14 дена забрана за работење на авто-школите

Редакција