еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Се плашат ли СДСМ и ДУИ од предвремени парламентарни избори?

Ќе има ли предвремени парламентарни избори по барањето на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски е прашање на кое е се поизвесен негативен одговор ако се земе предвид дека ДУИ веднаш се изјасни дека е против ваков чекор.

Премиерот Зоран Заев иако најави дека ова барање ќе се разгледува на највисоките органи на СДСМ реши да ги искористи деновите од одморот за да замине во Германија.

СДСМ и ДУИ имаат зошто да стравуваат од предвремени избори заедно со претседателските, бидејќи на последните избори СДСМ освои помалку гласови од сега опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а БЕСА и Алијансата на Албанците приграбија голем дел од гласовите на ДУИ.

Сега останува да се види дали Договорот од Преспа ќе помине во грчкиот парламент што би овозможило Македонија да влезе во НАТО пред одржувањето на претседателските избори и што би станало главен адут на владејачкото мнозинство на евентуалните парламентарни избори.

Не треба да се заборави дека голем број граѓани во Македонија се целосно разочарани од промената на името, од политичките потези на власта која ги амнестираше пратениците од опозицијата за да обезбеди мнозинство за промена на името и која освен Договорот од Преспа во својот мандат не направи ништо за подобрување на животниот стандард на населението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ ќе го разгледат барањето на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори, ДУИ се против

Ќе има ли предвремени парламентарни избори, заедно со претседателските?

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Првите случаи на Ковид-19 се појавиле во Кина во октомври 2019 година, тврдат британски научници

Редакција

Апликација која овозможува да се возите низ одредена светска метропола и истовреме да слушате локално радио

Редакција

Пожарникари во Тетово извлекле три автомобили со патници, кои заглавиле во вода под надвозник по обилните врнежи

Редакција