еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Се поништуваат сите решенија за домашна изолација и државен карантин од 13 јуни

Сите дејствија по решенијата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат за периодот од 13 до 25 јуни годинава за лица под здравствен надзор и домашна изолација и лица во државен карантин се поништуваат, информираат од Владата.

Главниот координативен кризен штаб, соопштија од владината прес-служба, достави барање до Државниот санитарен и здравствен инспекторат во врска со престанокот на важноста на издадените решенија за домашна изолација за лицата кои се вратиле во земјава со негативен ПЦР тест на Ковид-19.

„Денеска, 25.06.2020 година, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, согласно член 136 став 1 алинеја 4 од Законот за општата управна постапка („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 124/15 и 65/18) донесе Одлука со која го запира извршувањето на сите негови решенија донесени во периодот од 13.06.2020 година до 25.06.2020 година за ставање на лица под здравствен надзор и домашна изолација кои влегле во Република Северна Македонија со негативен ПЦР тест на Ковид-19 и потпишана изјава, како и решенијата издадени за лица кои се ослободуваат од државен карантин со негативен ПЦР тест на КОВИД-19, по нивното враќање во Република Северна Македонија, од земја со висок/среден ризик за Ковид-19, а спроведените дејствија по истите решенија се поништуваат“, информираат од владината прес-служба.

Одлуката, согласно Закон, ќе биде објавена во „Слободен печат“ во текот на два последователни дена почнувајќи од 26.06.2020 год., а потоа и еднократно во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Агенцијата „Реалност-06“ го доби тендерот на прилепски Комуналец за привремени вработувања тежок 22,6 милиони денари

Редакција

Готов е Предлог-законот за амнестија за полесни кривични дела

Редакција

КПУ Идризово склучи договор за набавка на храна со „Фодулмак“, вреден 1,1 милион евра

Редакција