еМагазин
Image default
Македонија

Се рушат рекорди: Кај гевгелиското село Смоквица откриени 83 мигранти

Македонската полиција денеска кај село Смоквица пронајде 83 илегални игранти, од кои 11 малолетни лица, во возило влекач сопственост на фирма и управувано од гевгеличанец.

МВР соопшти дека утрово во 8:10 часот во близина на село Смоквица полицајци од Полициската станица за граничен надзор и гранична контрола „Богородица“ спречиле криумчарење мигранти во товарно моторно возило влекач со гевгелиски регистарски ознаки сопственост на фирма, а управувано од возач Р.Р. од Гевгелија.

Во товарниот простор од возилото пронајдени се 83 илегални мигранти од кои 11 малолетни лица. Десет од малолетните лица се од Пакистан и еден од Авганистан, додека меѓу 72-та полнолетни мигранти четворица се од Ирак, еден од Индија, еден од Авганистан и 66 од Пакистан.

Возачот е обезбеден за понатамошна постапка, а лицата во моментов се ноаѓаат во Прифатниот Центар во Гевгелија, соопшти МВР.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шест скопски општини се со над 100 заболени од корона вирусот, во Чаир бројката се искачи на 336

Редакција

Продолжува штрајкот во училиштата, градинките од утре работат редовно

Редакција

Семејството незадоволно, се уште нема трага од 22-годишниот возач кој со возило падна во Вардар кај Желино

Редакција