еМагазин
Image default
Македонија

Се тестира 16-годишно девојче за корона вирус, засега нема нов случај

Денеска нема нов случај на докажана зараза од корона вирусот, а се тестира само една 16-годишна пациентка која има неспецифични знаци за горно респираторна болест, соопшти на денешната прес-конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој појасни дека дополнителни мерки за справување со коронавирусот се воведуваат со оглед на новонастанатата ситуација, прв случај на локална трансмисија откако тројцата луѓе кои биле во контакт со веќе хоспитализираните пациенти од Дебар беа позитивни на тестирањето и тие се сместени на Клиниката за инфективни болести.

„Сега таму се седум пациенти, во лесна клиничка форма е манифестирана болеста и нема потреба од механичка вентилација кај шест од нив. Седмата, практично првата пациентка е целосно стабилизирана и денеска е испратен материјал и ги очекуваме резултатите од контролниот тест, првичниот беше негативен“, изјави Филипче.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Директорката на Клиниката за кожни болести која предизвика криза во државата со корона вирусот, ќе биде сменета уште денеска

Се забранува автобуски превоз кон Италија и Франција, заради превенција од ширење на корона вирусот

Четворица во домашна изолација во Штип, ќе се тестира лице од Кочани со сомнителни симптоми на коронавирус

Ќе ги имаме ли првите избори без митинзи поради корона вирусот?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јанева за Стефанова: „Не чинев зошто и го возев мачето”

Редакција

Во болницата во Штип од Ковид-19 починаа тројца пациенти, најмладиот има 38 години

Редакција

Левица бара собраниската Комисија за деловнички прашања да му изрече суспензија на Џафери

Редакција