еМагазин
Image default
Локално

Се трага по маж кој исчезна во водите на Вардар

Полициски екипи изутрината ја започнаа потрагата по маж кој вчера попладне исчезна во водите на Вардар во близина на гостиварското село Балиндол.

Припадници на полицијата и пожарникари до доцна синоќа го пребаруваа коритото во обид да го лоцираат човекот на кого претходно неколкумина граѓани се обиделе да му помогнат и да го извлечат од реката.

Гостиварец вчера пријавил во полиција дека околу 16 часот во близина на селото Мало Турчане забележал тело на маж кое го носела водата. Тој се обидел да го извлече, но не успеал. Во близина на селото Балиндол го изгубил од вид по што била повикана полицијата и пожарникари.

Засега е непознат идентитетот на мажот, а потрагата е интезивирана.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со „фиќо“ удрил во дрво, двајца повредени

Редакција

Групна тепачка за време на полициски час на улица „Христо Татарчев“ во Скопје

Редакција

(ВИДЕО) Тепачка и пукање по расправија на Матка

Редакција