еМагазин
Image default
Македонија

Се укинуваат квотите за лекови на рецепт во аптеките во Охрид, Струга, Дојран…

Од овој месец се укинуваат квотите за лековите на рецепт во аптеките во регионите на туристичките места Охрид, Струга, Дојран, околината на Гевгелија и регионот на Ресен. Ова денеска го најави министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека тоа ќе важи за секој лек кој ќе биде издаден на рецепт, а сите рецепти во овие места ќе бидат реализирани од Фондот за здравствено осигурување.

Тој посочи дека ова е прв чекор во насока на укинување на квотите за лековите на рецепт во сите аптеки на територијата на целата држава, што премиерот Зоран Заев го најави минатата недела, а ќе почне да важи од моментот кога согласно динамиката на имплементирање на контролните механизми, Фондот ќе го имплементира како мерка, односно во септември или октомври.

Во овие туристички места, потенцира Филипче, со години наназад имаше голем недостиг на лекови заради големата флуктуација на бројот на луѓе кои циркулираа во нив и жителите на овие градови и региони многу рано во месецот се соочуваа со недостиг на лекови и затоа Минизтерството се одлучило за една ваква мерка.

„На крајот на месецов ќе започне административната официјална процедура на вклучување на сите аптеки кои во овој момент не се во мрежата, со цел тие да се вклучат за да може и тие, сега отворени и веќе функционални аптеки, да станат дел од овој систем на целосна реализација на своите рецепти, а во исто време паралелно ќе започнеме и со проширување на мрежата согласно одлуката на последната седница на Владата за прием на нови специјалистички ординации од различни специјалности од областа на медицината и стоматологијата со цел да се излезе во пресрет на младите луѓе кои долго време чекаат место да отворат своја ординација и да работат со пациенти на сметка на Фондот за здравствено осигурување“, рече Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали има информации во врска со тоа кој правел злоупотреби со издавањето лекови на рецепт, Филипче рече дека тоа е анализа што се прави во Фондот, а со целосните информации непосредно пред имплементирање на оваа мерка укинување на квотите на територијата на целата држава во септември или октомври детално ќе информираат што е тоа што го нашле на терен, зошто сметаат дека се зголемувал бројот на рецепти сите изминати години и како со оваа мерка и тој дел ќе го стават под контрола односно да го сведат бројот на лекови по глава на жител согласно тоа што е европски стандард.

Министерот додаде дека ако се констатира оти некои од матичните лекари или аптеките биле вклучени во вакви злоупотреби, тогаш тие ќе одговараат.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски: Недобивањето датум не е пораз на граѓаните, туку на политиките на Заев и власта

Редакција

Кои се обичаите: Муслиманите го слават Курбан Бајрам

Редакција

Силјановска: Од мене, ниту било ниту ќе биде фикус, јас му припаѓам на родот на кактуси

Редакција