еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Се урна авион Цесна кај Солунска Глава, загинати сите четворица патници – бугарски државјани

Малиот авион од типот Цесна П210Н кој попладнево беше изгубен од радарскиот систем се урнал кај Солунска Глава, каде и исчезнал од системот. Остатоците од авионот се пронајдени, како и телата на четирите патници – бугарски државјани, информираат за МИА од Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Остатоците од авионот ги лоцирале хеликоптери и спасувачки екипи од МВР. Авионот сообраќал на релација Охрид – Софија.

Претходно, директорот и претседател на УО на М-НАВ, Николче Тасески во изјава за МИА информираше дека воздухопловот попладнево во 16:16 часот е изгубен од радарскиот систем на контролата за летање. Контактот бил изгубен западно од Солунска Глава. Два полициски хеликоптери беа во потрага на изгубената Цесна.

-Во 16:16 часот изгубен е контакт со мал воздухоплов тип Цесна П210Н кој летал од Охрид за Софија. Поради лошите временски услови пилотот одлучил да слета во Скопје, а по кратко време побарал дозвола да породолжи за Софија, рече Тасески.

Тој додаде дека пред да го снема воздухопловот од радар пилотот пријавил дека има силни турбуленции.

Со пронаоѓањето на остатоците од авионот, како што информираат од АЦВ, завршува акцијата за трагање и спасување. Сите активности ги презема КИНСИВ – Комитетот за истражување на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти.

Од АЦВ се должни за несреќата да ги информираат државите на производство на авионот, на регистар, како и сопственикот на воздухопловот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доктор Пановски: Има прележани лица кои даруваат крвна плазма, но не смеат да влезат во кафуле. Кој е тој парадокс?

Редакција

Во април раст од 8,6% на депозитите и од 6,3% на кредитите

Редакција

Францускиот предлог денеска во бугарското Собрание

Редакција