еМагазин
Image default
Бизнис

Се уште нема информации колку патници преку туристички агенции биле во Италија за 8 Март

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека се уште не добил информација од стопанските коморите за тоа, колку патници преку туристичките агенции биле во Италија и високоризичните земји на патување на 8 Март.

Како превенција од ширење на корона вирусот, Владата донесе одлука да се забрани превозот со автобуси и комбиња во високоризичните земји.

Од Министерство за економија велат дека штетите во туризмот ќе бидат најголеми имајќи ги предвид и резултатите од другите земји.

„Според информациите од туристичките комори има значителен број на откажувања или одложувања на најавени групи кај хотелиерите и туристичките агенциите кои работат дојдовен туризам, намален број на индивидуални резервации, значителни откажувања на најавените семинари, конференции и настани, oтсуство на интерес за посети како резултат на претпазливост, намален интерес и отежнати продажби на распишаните аранжмани за сите дестинации, бројни барања за прекин на договор за организирано патување во странство поради претпазливост како и други откажувања,“ велат од министерството.

По однос на барањата за мерките од Туристичкото стопанство, Министерство за економија бара туристичките здруженија и комори да достават анализа на штетите кои што се предизвикани од откажување на тури, семинари, конференции и продажба на аранжмани и истите да ги достават до Координативното тело кое е веќе е формирано и е составено од претставници од Министерство за економија, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот како и сите Комори и Здруженија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Важно ако одите или пристигате: Кои држави спаѓаат во високоризични и средноризични за корона вирус

Се забранува автобуски превоз кон Италија и Франција, заради превенција од ширење на корона вирусот

Кои хронично болни лица треба посебно да бидат претпазливи на корона вирусот и ослободени од работа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарската „Соларпро холдинг“ го доби тендерот на кочанскиот „Водовод“ за набавка на струја вреден 498.000 евра

Редакција

Владата даде согласност за јавно-приватно партнерство за две фотонапонски електроцентрали на местото на ТЕЦ Осломеј

Редакција

Поради ковид-состојбата, Бугарите забранија влез за граѓаните од Македонија од 19 јануари

Редакција