еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

Се уште нема конкретно решение за цистерната со винил хлорид кај „ОХИС“

Надлежните треба да вршат контроли и ако постапките не се спроведени согласно со законот и елаборатот за заштита на животна средина, ако утврдат пропуст, да бараат одговорност, порача денеска управителот на Друштвото за собирање и примарна обработка на отпадоци Екоцентар 97 ДООЕЛ Скопје, Владо Момировски, откако во петокот во кругот на фабриката се излеа течност при перење цистерна која порано содржела метил акрилат мономер.

Момировски изјави дека имаат 24-часовно чување со физичко обезбедување на цистерната со винил хлорид во „ОХИС“. Обезбедено е постојано ладење, секојдневно мерење и се пишуваат извештаи за да се види дали се случува некаква хаварија кај винил хлоридот.

– Досега се нема случено ништо. Не можам да замислам што ќе се случело минатите 30 години кога немало никаво обезбедување и никаква контрола, посебно последните десетина години кога се растури компанијата АД „ОХИС“ и пред да дојде во стечај, рече Момировски.

Склучиле, како што појасни, договор со АД „ОХИС“ во стечај, со стечајниот управник, по решение на судот.

– АД „ОХИС“ е во стечај и при објавување тендер за продажба на имотот, објавен е и тендер за чистење на 11 заостанати хемикалии во АД „ОХИС“. Затоа што купувачот на АД „ОХИС“ во стечај треба да купи чист објект, со исчистени хемикалии. Ние конкуриравме со уште една компанија, дадовме најдобри услови и го добивме тендерот.

Во тендерот беа пропишани строго условите, дека сите хемикалии предмет на проектот треба да бидат изнесени надвор од Македонија и компанијата што ќе учествува на тендерот да има или лиценци за управување со таков вид опасен отпад или да има склучен договор со меѓународна компанија која има такви соодветни лиценци. Ние ги исполнивме сите тие услови и го добивме тендерот, изјави Момировски.

Тој информира дека имаат склучено договор со македонска лиценцирана консултантска куќа за справување со опасен отпад „Екомозаик“ и од прв момент соработуваат со нив. Тие им изработиле елаборат и сите процедури ги спроведуваат по нивни упатства.

– Ова е прв ваков проект во Македонија. Никој нема искуство со ваков отпад зошто е прв ваков проект и ние првпат работиме со ваков отпад, рече Момировски.

Обајсни дека се работи за 11 видови отпад распоредни на повеќе локации кои се оддалечени една од друга повеќе од 1,5 километри. Во тие 11 видови на отпад, како најопасни се хлорот и винил хлоридот.

– Хлорот е веќе отстранет и е надвор од Македонија, а другите девет се спакувани и спремни за извоз, во магацинот, по сите меѓународни прописи. Чекаме да добиеме конечна дозвола за извоз бидејќи дозволата опфаќа седум земји, низ сите земји кај што се поминува. Крајна дестинација е Швајцарија.

Во моментот кога ќе ја добиеме дозволата, почнуваме со утовар и со изнесување на тие опасни материи. Досега спакуваните количини се од 65 до 70 тона и останува едно од најопасните жаришта, тоа е цистерната со винил хлорид за која се уште немаме конкретно решение, рече Момировски.

Посочи дека во летниот период кога добиле решение за елаборат од Министерството за животна средина и просторно планирање, на такви високи температури, над 20 степени не е препорачливо и не е законски дозволено, да се оперира со таков вид на опасен отпад, како што е винил хлоридот.

– Ниеден од нашите потецијални партнери, од Германија, Холандија, итн. кои ги контактиравме не сакаше ни да дојде да прави увид, а камо ли да прави преточување. Се додека не се направи увид, преточување во специјални садови и не се знае точна количина не можеме да почнеме постапка за добивање нотификација, т.е. дозвола за извоз и согорување.

Само два инсенератори, печки што согоруваат опасни материи во Европа согоруваат винил хлорид. Винил хлоридот е исчистен во Европа пред 30 години и никаде го нема во употреба, дури и инсенераторите не поседуваат специјални филтри за согорување винил хлорид, рече Момировски.

Тој информира дека се она што е спакувано во специјални буриња, тоа не испарува, безбедни се и можат да стојат со години. Во магацинот има систем на ладење, мерење и мониторинг. Се друго што е надвор, на атмосферско влијание испарува и може да дојде до несакани последици.

Момировски вели дека се друго му било познато, освен проблемот со винил хлорид која, како што рече, е хемикалија која веќе 30 години ја нема никаде во Европа и не знаев со какви проблеми ќе се сретнеме, сега ми е јасно.

– Доста е комплексен проблемот и се надевам дека успешно ќе го решиме. Веќе со две компании имаме сериозни преговори и во наредниот период мислам дека успешно ќе го решиме, рече Момировски, најавувајќи дека јавноста ќе биде навреме информирана за сите активности со винил хлоридот. Договорот, информира, треба да се продолжи на уште неколку месеци за да се реши винил хлоридот, сега е поволно, а не во тек на летото. Со тоа ќе бидат решени сите 11 хемикалии и проектот ќе биде затворен.

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини претходно изјави дека сите мерки се преземени и сите институции се вклучени за да откријат што се случи во петокот во „ОХИС“.

– Инспекторите го пишуваат извештајот и сега ги чекаме анализите од лабораторијата за да видиме дали има преостанат ризик. Нема место за паника. Нема загадување на воздухот, изјави Нуредини.

МИА/Фото: 360 степени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Нова колекција од „Спрингфилд“ пролет 2019

Редакција

Бизнис што „цвета“: Плантажи со марихуана ќе никнат и во Кривогаштани

Никола Осило

„ЗСФ-КОМ“ на Фатмир Етеми на „голема врата“ влегува во „Скопски пазар“

Никола Осило