еМагазин
Image default
Локално

(Фото) Се утврдуваат штетите во Преспа: Се расчистуваат патиштата, домаќинствата се враќаат во нормала

По вчерашното катастрофално невреме кое зафати дел од Преспа и преспанското крајбрежје, денеска на терен заедно со пожарникарските служби и Дирекцијата за заштита и спасување излезе и администрацијата на општина Ресен.

„Покрај постојната Комисија за проценка на штети, вондредно ќе се формира уште една комисија која ќе врши проценка на штетите во зафатените подрачја. Градоначалникот Гошаревски веднаш по невремето е на терен и заедно со службите ја согледува настанатата штета.

Во текот на денешниот ден е закажана итна седница на Советот на општина Ресен, каде единствена точка на дневен ред ќе биде штетата од настанатото невреме. Надлежните служби се деноноќно на терен, се расчистуваат патиштата и се оспособува водоводната и електричната мрежа“, информираат од Општина Ресен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Овошните насади во Преспа се 100 проценти уништени

(Галерија) Скршени кампови, превртени тенди, откорнати дрвја: Невремето направи пустош во Љубаништа

Фото: Општина Ресен

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филмска трка во Штип: Со возило сакал да удри полицаец, па се обидел да побегне

Редакција

(Фото) Скопјани принудени да се прекачуваат преку лошо паркирани автомобили

Редакција

Инспекторат на Град Скопје отвори линија за пријава на лица кои не се во самоизолација

Редакција