еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Се води истрага за екс директорот на Фондот за здравство, Ден Дончев

Отворена е истрага за поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев, потврди денеска обвинителката Вилма Русковска, одговарајќи на новинарски прашања пред Кривичниот суд.

Таа рече дека не знае дали Дончев е се уште во земјата и не откри детали за истрагата.

Неделникот „Фокус“ неодамна објави дека по барање на Обвинителството за организирал криминал, Управата за финансиско разузнавање контстатирала дека Дончев добил над 3 милиони денари за консултантски услуги од компанијата со основна дејност за интернет-портали „Ремаркет“, која се финансирала од австралиската фирма „Мегантик“.

Дончев во изјава за „Фокус“ вели дека нема ништо незаконско во целиот случај и дека тој овие примања уредно ги пријавил во Управата за јавни приходи.

Тој неодамна си поднесе оставка од директорската функција во ФЗО поради „семејни причини“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Миле Сугарев на местото на Ден Дончев

Директорот на ФЗО, Ден Дончев поднесе оставка, поради „приватни семејни причини“

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: Број на починати и заболени со коронавирусот во Македонија по градови

Редакција

Заменик министерот Нухиу: Корона вирусот го напаѓа МВР, петмина вработени заразени

Редакција

Не се зборува за преговарачка рамка, во Софија има комплетен застој, вели Вархеји

Редакција