еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Се заканува затворање на 800 туристички агенции ако се изземат од мерката „Ваучер за домашен туризам“

Стопанската комора за туризам на Македонија (СКТМ) ја поздравува владината мерка „Ваучер за домашен туризам“, но искажува загриженост ако од нејзината реализација бидат изземени туристичките агенции, односно ако мерката директно се спроведе со сместувачките капапацитети.

На овој начин, оценува Комората, Владата придонесува да се затворат 800 туристички агенции и туроператори кои се подготвени за аранжманите за 2020 година.

„Го повикуваме министерот за економија Крешник Бектеши за преиспитување на ваквата одлука. По повод владината мерка „Ваучер за домашен туризам“ предложена од страна на Владата во третиот сет мерки која се однесува на поддршка во туризмот, искажуваме поздравување за издавање над 90.000 ваучери во вредност од 585.000.000 денари, но ја споделуваме и нашата крајна загриженост доколку од реализацијата на оваа мерка се изземени туристичките агенции како организатори на патувања и директно се реализира со сместувачките капапацитети“, наведува СКТМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Огромни загуби и црни прогнози: Македонскиот туризам тешко ќе го „преживее“ корона вирусот

Корона вирусот го „дотепа“ туризмот: Намалување од 67,3% на бројот на туристи во март

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведени уште две лица за напад врз полицијата на 5 јули пред Собранието

Редакција

Детали од Обвинителството за спогодбата на Камчев за „Империја„

Редакција

Убава вест: Оздравени 543 заболени од Ковид-19

Редакција