еМагазин
Image default
Македонија

Се запали автобус на АРМ, нема повредени

Министерството за одбрана жали за случајот со запалениот автобус кој утрово превезувал припадници на АРМ на своите работни места во Скопје, од Пробиштип, Кратово и Куманово, информираат од таму.

„Истовремено ја известуваме јавноста дека во инцидентот не е повреден ниту еден припадник на Армијата. Фирмата која што го врши превозот за кратко време испратила друг автобус, и сите патници пристигнале со мало задоцнување на своите работни места и веќе нормално си ги извршуваат задачите.

Од досега утврдените факти соопштуваме дека инцидентот се случил околу 6.10 минути изутрина, на излезот од Пробиштип. Веднаш штом е почувствуван чадот, припадниците на АРМ од страна на одговорното лице биле повикани да го напуштат автобусот и го напуштиле.

Во автобусот останале само два војнички ранци. Според првичните сознанија, автобусот бил носен на сервис во текот на викендот.

Согласно Договорот, ги исполнувал условите кои што се побарани во тендерската документација, има потврда за исполнување на посебни техничко-експлоатациони услови издадена на 1.02.2018 година со важност до 1.02.2020 година, бил од марката „Марбус“, производство 2007 година и го исполнува стандардот ЕУРО 4“, се вели во соопштението на АРМ.

Припадници и стручни лица на Воената полиција веднаш излегле на терен за да ги утврдат околностите под кои се случил настанот.

Министерството за одбрана од фирмата која го обезбедува превозот очекува да биде извршена анализа на случајот со цел да не се повтори.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

18-годишната девојка која почина од Ковид-19, била мајка на 6-месечно бебе

Редакција

Во моментот во Брисел се разгледуваат промените на Кривичниот законик, вели евроамбасадорот Гир

Редакција

Втора кривична пријава за закани кон пратениците преку Фејсбук

Редакција