еМагазин
Image default
Локално

Се запали автомобил во движење на автопатот Табановце-Куманово

На 03.09.2018 година околу 18.00 часот на автопатот Табановце-Куманово, при движење настанал пожар во предниот дел на патничко возило „Шкода Фаворит“ со полски регистарски ознаки, управувано од В.П.С.(31), во кое како сопатници се превезувале уште три лица – државјани на Република Полска, информира МВР.

Возачот застанал и со противпожарни апарати се обиделе да го изгаснат пожарот, но тој се проширил и возилото целосно изгорело. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово. Увид на местот на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична пријава за млада девојка која креирала лажни профили на „Инстаграм“ и „Снепчет“

Редакција

Возач на автобус на ЈСП нападнал жена бидејќи му кажала да застане

Редакција

Турчин претепан и избоден во центарот на Скопје

Редакција