еМагазин
Image default
Локално

Се запали автомобил во движење на патот Чашка-Велес, за среќа нема повредени

На регионалниот пат Чашка-Велес во месноста Долги Рид претпладнево околу 11:30 часот во движење се запали автомобил марка „фолсваген поло“.

Возачот веднаш излегол и повикал пожарна, чија екипа веднаш пристигнала и за десетина минути го изгаснала пожарот, но автомобилот бил целосно изгорен, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

„Возилото не било осигурано „каско“ и затоа не е сомнителен, туку е несреќен случај. Најверојатно сопственикот имал некои проблеми со моторот, по што настанал пожарот“, изјави Додевски.

Увид наместото на несреќата направи екипа на СВР Велес.

За време на интервенцијата на пожарникарите во прекин бил сообраќајот Велес-Чашка и обратно, по што повторно бил пуштен во функција.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жичарницата на Водно од денеска работи до 18 часот

Редакција

Инцидент во гостиварско Ѓурѓевиште: Пукал во соселани кои се враќале од погреб, едно лице полесно повредено

Редакција

Бездомник пронајден починат во објект во изградба во скопски Центар

Редакција