еМагазин
Image default
Македонија

Во сообраќајка, се запали возило со мигранти: Еден загинат, 11 згрижени во болница во Кавадарци

Едно лице загина, едно е вратено во камп, а 11 мигранти се префрлени во болницата во Кавадарци по сообраќајката која синоќа се случи на автопатот Демир Капија-Неготино.

Итната медицинска помош при Здравствениот дом интервенирала со три возила во сообраќајката во која возило со мигранти што се движело на патниот правец Демир Капија-Неготино во близина на бензинската пумпа „ДЕП“ удрило во задниот дел на товарно возило што се движело во ист правец и се самозапалило.

Едното лице било полесно повредено и предадено на полиција да го врати во кампот.

Болничкиот персонал е ангажиран околу повредените, а неофицијално, од извори во болницата, тројца од повредените најверојатно ќе бидат однесени на Скопските клиники.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Четворица од 13 мигранти повредени  во сообраќајката синоќа пренесени на Скопските клиники

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична пријава за поранешен градоначалник на Демир Капија: Буџетот оштетен за 250 илјади евра

Редакција

Денеска нема полициски час

Редакција

Нови 48 случаи на Ковид-19 од 1.192 тестови, 7 се реинфекции

Редакција