еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Сеад Кочан со полиција спроведен во Идризово, судот му го одби новото барање за одложување на казната

Откако Основниот суд Скопје 1 му го одби новото, трето барање за одложување на затворската казна од четири години и осум месеци за случајот „Труст“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), доцна синоќа со полиција бизнисменот Сеад Кочан беше спроведен во затворот Идризиво.

Во затвор беше однесен од приватна клиника во која престојуваше околу две недели, а бил спроведен со полиција, бидејќи не сакал доброволно да се пријави во Идризиво.

Кочан за случајот „Труст“ претходно беше осуден на шест години затвор, а Апелацискиот суд Скопје во март годинава му ја намали казната на четири години и осум месеци.

Тој е осуден за манипулации околу добивање тендер од ЕЛЕМ, вреден 17 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бизнисменот Кочан во болница, побарал ново одложување на издржувањето на затворската казна

„Кочан ѕвонел в затвор, никој не му кревал…“: Твитер реакции зошто бизнисменот се уште не е во Идризово

Бизнисменот Сеад Кочан мора веднаш да се јави во затвор

Фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали: Владата донесе одлука за именување на нови директори на повеќе државни институции

Редакција

Определена мерка притвор за едно лице за убиството на Мартин Јанушев

Редакција

Министерството за правда ќе поднесе нови барања за екстрадиција на Никола Груевски, Африм Исмаиловиќ и Алил Демири

Редакција