еМагазин
Image default
Техно

Сеавус CodeTalks во Скопје

Утре ќе се оддржи Сеавус CodeTalks. Ова ќе биде петто издание на CodeTalks во Скопје.Настанот ќе се оддржи во просториите на “Јавна соба“ – Центар за дизајн и иновации, со почеток во 18 часот. Влезот е слободен.

Овојпат на CodeTalks, своето искуство ќе го споделат Милица Панзова, сениор девелопер во Сеавус, како и Даниела Богатиноска, сениор тестинг инженер во  Сеавус.  Милица ќе зборува на темата  “Introducing Microsoft Orleans”:

„”Orleans” е “framework”  кој обезбедува директен пристап во градењето на дистрибуирани компјутерски апликации, без потреба да се учат и да се применуваат комплексни патерни за конкурентност или скалирање. Тој е производ на “Microsoft Research” и дизајниран е за употреба во “Cloud”. “Orleans” е широко користен во “Microsoft Azure”“, вели Милица.

Вториот експерт, Даниела Богатинска, ќе зборува на тема: „The Man with the Punch: Evolution starter kit for Software Testing“- Philosophy of testing”:

„Во оваа презентација ќе се зборува за повеќе теми. Една од нив е филозофијата на тестирање и различниот начин на размислување на тестерот и на програмерот. Се опишува како степенот на независно тестирање влијае за избегнување на авторската пристрасност, задачата на тестерот во тимот, како и техники за подобрување на тимската работа. Но најважно од се е да се нагласи дека тестирањето како активност не е деструктивна и претставува онолку конструктивна активност колку што е и развојот на софтвер“, изјави Данијела.

Пo завршување на презентациите ќе следи панел дискусија со презентерите.

Присуството на настанот може да го пријавите на овој линк:codetalks.seavus.com/seavus.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Портите на ИТ светот беа отворени за најмалите од прво и второ одделение

Редакција

Вештачката интелигенција го менува светот

Редакција

(ВИДЕО) Samsung Galaxy Fold сега e достапен

Редакција