еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Седма по ред: Романија го ратификуваше Протоколот за пристапување на земјава во НАТО

Парламентот на Романија денеска на пленарна седница го ратификува Протоколот за пристапување на Република Македонија во НАТО.

На ратификацијата во Букурешт присуствуваше и претседателот на Собранието Талат Џафери, кој имаше обраќање пред романските пратеници.

„Романија денеска уште еднаш ја демонстрираше својата посветеност, пријателство и поддршка кон Република Северна Македонија за остварување на нејзината евроатланска определба, овозможувајќи една кохерентност и заедничка иднина. Дозволете искрено да се заблагодарам од мое лично име, од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и од име на нашите граѓани, чест ни е што сте наши вистински пријатели и партнери“, рече Џафери.

Романија е седма земја членка на НАТО што го ратификува Протоколот за членство на Македонија во НАТО.  Прва тоа го стори Грција, а по неа и Словенија, Албанија, Бугарија, Хрватска и Црна Гора.

Утре Протоколот треба да биде ратификуван и во Сејмот на Литванија. Како што е најавено, Џафери од Букурешт заминува за Вилнус каде што ќе има обраќање пред пратениците во литванскиот Парламент.

Земјите-членки на НАТО на 6 – ти февруари го потпишаа Протоколот за пристапување на Македонија во Алијансата. По ратификацијата на Протоколот во парламентите на сите 29 земји-членки на Алијансата, Македонија и официјално ќе стане полноправна членка

МИА/Фото:Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Изречени 38 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици, 13 упатени на вонреден технички преглед

Редакција

Од четврток топол бран, температури над 40 степени

Редакција

365 казни за неносење маска

Редакција