еМагазин
Image default
Македонија

Седум армиски припадници утре се враќаат од мисијата во Авганистан и ќе бидат во државен карантин

Седум припадници на Армијата кои се дел од НАТО мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан утре ќе се вратат во нашата земја, информира Министерство за одбрана.

„Нивното враќање ќе се реализира со специјален лет на хрватската компанија „Croatia Airlines“ организиран од Владата на Република Хрватска со цел враќање на нивните 11 припадници во меѓународната мисија во Авганистан.

Припадниците на Армијата се очекува утре во вечерните часови да пристигнат и потоа да бидат транспортирани до нашата земја.

По нивното пристигнување согласно препораките од Владата и од Министерството за здравство ќе бидат упатени во двонеделен карантин кој е задолжителен за сите граѓани кои се враќаат од странство,“ информираат од Министерството.

Од таму информираат дека дел од нашата постоечка ротација во НАТО мисијата во Авганистан порано ќе се врати во Македонија поради генералното намалување на силите на Алијансата, вклучително и на турскиот контингент во кој учествуваме, во овој период.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Излекуваните од коронавирусот можат да останат носители и преку носот да го шират

Маж од Тетово на 69 годишна возраст, прв случај на заболен со коронавирусот во Тетово

Вкупно 201 заболени пациенти од корона вирусот: Регистрирани 24 нови случаи, од кои 15 во Скопје

Фото: МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 521 случаи на Ковид-19, починати три лица, едното на 48-годишна возраст

Редакција

Вакцинирани 5.061 здравствени работници

Редакција

Заев и Тачи договорија соработка за локалните избори

Редакција