еМагазин
Image default
Спорт

Седум медали за каратистите од учеството на европските универзитетски игри на боречките спортови во Загреб

Завршија борбите на Универзијадата за боречки спортови која се одржа во Загреб, Хрватска. Бошко Заборски, селекторот на репрезентацијата изјави дека нашите каратисти остварија огромен успех и резултатите се повеќе од очекуваното.

„Горди сме на постигнатите резултати, а спортистите покажаа голема борбеност и пожртвуваност за време на сите натпревари. Нивната посветеност и професионалниот однос кон спортот ги направи да бидат една од најуспешните селекции по број на освоени медали на оваа Универзијада. Нашите каратисти од универзитетската репрезентација на Македонија, освоија вкупно седум медали. Освоени се четири сребрени и три бронзени медали“, кажа Заборски.

Сребрени медали освоија:

1.Петар Заборски -75 кг, поединечно борби

2.Сара Радичевска -50 кг, поединечно борби

3.Моника Пендаровска -61 кг, поединечно борби

Машкиот тим во борби, во состав (Петар Заборски, Петар Спасеновски, Давид Петков, Ацковски Роберто, и Горан Николовски).

Бронзени медали освоија:

5.Анѓела Мојсовска -68 кг, поединечно борби

6.Петар Спасеновски -84 кг, поединечно борби

Женскиот тим во борби, во состав (Симона Заборска, Сара Радичевска, Моника Пендаровска и Анѓела Мојсовска)

Во Загреб, главниот град на Хрватска, од 31 јули до 4 август, имаше 1300 учесници од 400 универзитети и 36 европски земји, ова беше прво вакво издание на четирите европски шампионати што се одржуваат како еден настан на универзитетско ниво и тоа го направи најголемиот настан во календарот на ЕУСА за 2019 година.

Во четири различни сали завршија натпреварите во четири боречки спортови карате, таеквондо, џудо и кикбокс.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ШАМПИОНИ: Вардар остави срце на терен и по вторпат е европски првак

Редакција

(Видео) Италијанска гимнастичарка „растури“ на „Зајди, зајди“

Редакција

Квалификации за ЕУРО 24: Македонската фудбалска репрезентација водеше, па загуби од Украина

Редакција