еМагазин
Image default
Македонија

Седум нови случаи со Ковид-19 во Дебар, 48 за една недела

Седум нови случаи со Ковид-19 се регистрирани во изминатото деноноќие во Дебар или 48 новозаразени во последните осум дена.

Со последните случаи, официјалните податоци покажуваат дека вкупната бројка на заразени од почетокот на пандемијата, изнесува 151.

Битката со опасниот вирус ја добиле 57, а ја изгубиле пет. Активни се 89 случаи, од кои десеттина се хоспитализирани во здравствените установи во Скопје.

Во Дебар, општина која заедно со Центар Жупа беа првото жариште во државата, бројот на заразените е трипати повисок во втората фаза од болеста, односно од петти јуни, кога беше регистриран нов сличај.

Во првата фаза беа регистрани 51 случај, два во Центар Жупа, сопружници кои беа и првозаразени, кај кои болеста беше потврдена на 26 февруари, неколку дена по нивното враќање од Италија.

Од вкупната бројка 47 ја добиле битката со опасниот вирус, додека четворица починаа, од кои тројца мажи од Дебар и жена од Центр Жупа.

Во втората фаза се останатите 100 случаи, еден во Центар Жупа, од кои десет се излекувани, еден починат, 52-годишен маж од Дебар, додека останатите се се уште активни на болеста.

Бројот се очекува и понатаму да расте, поради, како што оценуваат надлежните, „непочитувањето на мерките за заштита од страна на граѓаните кои и понатаму не носат заштитни маски и не одржуваат физичка дистанца“.

Според полициската статистика,пак, на Одделението за внатрешни работи, во текот на неделава која изминува на четриесеттина дебрани издадени им се прекршочни платни налози за неносење заштитна маска.

МИА/Фото: Општина Дебар

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Четри нови случаи заразени и двајца излекувани од коронавирусот во Кичево

Девет скопски општини со над 100 активни случаи на Ковид-19, во Чаир 300

Од Ковид-19 починаа уште 6 пациенти, најмладиот имаше 42 години

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ислам Абази даде заклетва и ја презеде функцијата од Вилма Русковска

Редакција

Македонскиот државјанин хоспитализиран со коронавирус во Јокохама е во добра здравствена состојба

Редакција

Мицкоски: Нема да се кандидирам за претседател ако се одржи вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција