еМагазин
Image default
Македонија

Седум новозаразени од корона вирусот во Кичево

Во Кичево денеска има седум нови лица заразени со Ковид-19, а оздравени се исто така седум лица.

Соред податоците од Министерството за здравство, вкупниот број на заразени со Ковид-19 во оваа општина достигна 194 лица, од кои 114 се активни, 71 се излекувани и девет лица се починати.

„Денеска кај нас имаме седум новозаболени лица и сите се лекуваат во домашни услови под надзор на матичниот лекар и се разбира дека со во изолација. За среќа пак имаме седум оздравени лица од коронавирусот,“ информира д- р Џабир Бајрами, член на Општинскиот Кризен штаб во Кичево.

Тој апелираше до сите граѓаните да се држат до препораките дадени од надлежните здравствени институции.

МИА/Фото: Општина Кичево

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детален преглед: Колку заболени од корона вирусот има по македонските болници?

Убава вест: Оздравени 42 пациенти кои боледувале од корона вирусот

Починаа уште четири лица од корона вирусот, вкупно 527

Нови 85 случаи на заразени со корона вирусот од 1.188 тестирања

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Четворица ученици од штипските основни и средни училишта позитивни на Ковид-19

Редакција

Македонија е делумно слободна земја: „Фридом Хаус“ не сврсти со Украина, Мадагаскар, Косово

Редакција

Во Ново Село победи кандидатот на СДСМ Никола Андонов со разлика од 19 гласа

Редакција