еМагазин
Image default
Локално

Седум повредени во тежок судар меѓу „БМВ“ и „Пасат“ на патот Гостивар-Кичево

На 24.03.2019 околу 13.15 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево, на околу 500 метри од „Мавровска крстосница“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „БМВ“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.М.(41) од Гостивар  и патничко возило „Фолксваген Пасат“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(68) од Тетово, информира МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила А.Ф., сопатничка од возилото.

„БМВ“. По укажаната помош во Медицинскиот центар Гостивар таа била пренесена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Во незгодата со телесни повреди се здобиле уште шест лица  во двете возила, кои по укажаната помош биле пуштени на домашно лекување. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гостивар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Српски државјанин тешко повреден, со „Нисан“ излетал од патот Гостивар – Маврово

Редакција

Трагедија во кумановско: Момче се удави во Пчиња, кај селото Шупли Камен

Редакција

Трагедија: По пад од трактор почина 6-годишно дете од Делчево

Редакција