еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Секој ден пожари: Државата во пламен, што да очекуваме на лето?

Речиси и да нема ден без неколку пожари во земјава, а веќе има и неколку жртви. Настраданите се лица во поодминати години кои беа зафати од огновите што сами ги запалиле.

Најсвеж пример за тоа е завчерашниот случај во село Оризари, кочанско. На местото викано „Бели Камења“, при палење на трева во нива од страна на Б.П.(82) од истото село, настанал пожар. Во пожарот настрадал Б.П. кој починал на местото на настанот. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани пожарот бил изгаснат, а по овластување на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.

Од вчера активен е голем пожар на Скопска Црна Гора. Надлежните ангажираа авиони од Дирекцијата за заштита и спасување за гаснење на пожарот.

На 17.03.2019 во 10.50 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека на место викано „Сливница“, атар на село Русиново, беровско, настанал пожар во кој била зафатена букова шума. По преземени мерки било констатирано дека истиот ден околу 10.45 часот на наведеното место, Д.Т.(31) и неговиот брат И.Т.(28), двајцата од село Смојмирово, запалиле оган за скара и поради небрежност огнот се проширил и почнал да се шири.

Пожарот бил целосно изгаснат во 14.30 часот од екипи од Територијалната противпожарна заштита Берово, ШС „Малешево“. Од извршениот увид било констатирано дека изгореле околу осум хектари сува трева и папрат.

Истиот ден околу 11.15 часот било пријавено дека во атарот на село Поповјани, кичевско, настанал пожар кој зафатил поголема површина стрниште, сува трева и нискостеблеста шума.

Завечра околу 14.00 часот во СВР Велес било пријавено дека во атарот на с.Џидимирци, велешко, настанал пожар кој зафатил поголема површина мешана шума.

Истиот ден во 15.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека од село Зелениково кон село Градовци настанал пожар и горела дабова и нискостебелеста шума на површина од околу 15-20 хектари.

Се чини дека земјоделците се најодговорни за овие пожари, бидејќи не внимаваат при палење на стрништата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повозрасно лице загина во село Псача од пожар на отворено

Редакција

„Евроинс осигурување“ го доби тендерот на МВР за осигурување возила

Редакција

(ВИДЕО) Која е Царовска приватно: Сака да сними дует со Бредли Купер, омилен филм и е „Џокер“

Редакција