еМагазин
Image default
Македонија

Села: 12 април е можност за да се донесе промена

Заеднички став на сите партии е дека немаме друга опција и дека сите треба да одиме на патот кон ЕУ, изјави лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села по лидерската средба што се одржа вечерва во вилата „Водно“ на иницијатива на претседателот Стево Пендаровски.

– На 12 април одиме на предвремени парламентарни избори. Ние како партија бевме подготвени и за други датуми. Но, 12 април е добар датум за да ја почекаме Шпанија (да го ратификува Протоколот за НАТО), рече Села.

Тој нагласи дека „12 април е можност за да се донесе промена и да се врати демократијата“.

– Да ја вратиме надежта на младите од кои многумина бегаат од државата немајќи услови за живот, немајќи образование, здравствен систем, истакна Села.

Во врска со одржувањето на пописот, Села оцени дека нема причина тој да не се одвива и за време на кампањата и по завршување на изборите.

МИА/Фото: Фејсбук/Села

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Касами: Одиме на избори народот да реши за понатамошниот пат на државата

Ахмети: Да се испочитува датумот за изборите и потоа да зборуваме за пописот

Тачи: На земјата и се потребни фер и демократски избори

Мицкоски: Предвремените избори се неминовни по она што се случуваше

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Корона вирусот се врати во Дебар, нов случај по педесетина дена

Редакција

СДСМ и ДУИ остануваат на ставот за избори на 5 јули, ВМРО-ДПМНЕ откако ќе заврши пандемијата

Редакција

За 24 часа 2 нови случаи на Ковид-19 од 2.216 тестирања

Редакција