еМагазин
Image default
Македонија

Села ја откажа средбата со Заев поради одземените надлежности на Таравари

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села во знак на револт од одземањето на ингеренциите во образованието на гостиварскиот градоначалник ја откажал денешната средба на која требаше да се разговара за обезбедување поддршка за консензуален кандидат за претседател на државата.

Заев остава простор за натамошна комуникација и, како што вели, го разбира револтот, но законите мора да се спроведуваат.

– Се слушнав со господинот Зијадин Села. Во знак на револт поради одземани надлежности во образованието на градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари од страна на Министерството за образование тој ја откажа средбата. Се надевам, оставивме простор за комункација заради тоа што тоа е вредно. Јас работам и со самото Министерство, законите мора да се спроведат секако, да ги гледаме позитивните основи на самите закони, изјави Заев одговарајќи на новинарски прашања, по пуштање во употреба на новата сала за јавни услуги од повеќе институции.

Вели дека како поранешен градоначалник е свесен што значи одземањето на надлежностите на која било општина без оглед дали е тоа Струга, Куманово, Гостивар… и најави дека ќе се бара решение на заедничка средба со градоначалникот на Гостивар и министерот за образование.

– Преку општините децентрализираните надлежности треба да бидат поблиски до граѓаните, но секако и законот мора да се почитува. Кога ваквите аспекти ги има самиот ресорен министер на мене останува да работам како премиер и на заеднички состанок помеѓу градоначалник и министер да изнајдам решение, рече Заев, посочувајќи дека Гостивар е еден од поголемите градови во државава и оти нема да се дозволи политички разлики да бидат пречка за развој на која било средина.

– Го сфаќам револтот, драго ми е што се слушнавме со Зијадин Села и веројатно ќе најдеме друг начин на комуникација која што ќе конвергира кон оваа важна одлука за државата. Останувам оптимист. Неможам да кажам дали сум сигурен заради тоа што допрва следуваат одлуки на органи и тела на политичките субјекти со кои се сретнав и со кои ќе се среќавам, изјави Заев, посочувајќи дека очекува  позтивен потик за целиот процес и на утрешната средба со Билал Касами од БЕСА.

Верувам, истакна Заев, дека уште еднаш ќе испратиме порака идниот претседател на државата да се однесува еднакво одговорен пред секој граѓанин.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Додека СДСМ и ДУИ изберат кандидат за претседател, Силјановска победува

Заев: „Алтерантива“ и ДПА согласни да се најде заеднички кандидат за претседател

Тачи по средбата со Заев: ДПА би прифатила кандидат од власта

Гаши по средбата со Заев: Поприфатлив е натпартиски заеднички кандидат за претседател на државата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Италијанската телевизија РАИ му посвети големо внимание на експремиерот Никола Груевски

Редакција

Скопското обвинителство поведе истражна постапка за „фалсификатори на евра” од Камерун

Редакција

Од денеска можете да имате увид во Избирачкиот список

Редакција