еМагазин
Image default
Да помогнеме

Семејството Белогазовски од Делчево бара парична помош за операција на 17 – годишниот син

По сообраќајна несреќа која се случила 2007 година, 17-годишниот делчевец Дејан Белогазовски се здобил со стеноза на грлото и веќе 14 години дише со помош на вградени цевки-канели.

Неговиот татко Гоце Белогазовски, информира дека за да може да зборува неговиот син, потребна е итна операција која не може да се направи во Македонија.

-Во Македонија не може да се направи оперативен зафат после кој Дејан ќе може да зборува. Се обративме до сите приватни и државни болници, каде од Систина ни препорачаа најсигурно и најбезбедно да се направи оперативен зафат во Виена, Австрија.

Цената за тоа изнесува 18.000 евра, што е превисока цена за нас како двајца родители со ниско образование и мали примања, вели Гоце Белогазовски.

По сообраќајката не добиле никаква оштета од тогашното Здружение на возачи, заради што поради ниските примања семејството Белогазовски ја бара помошта од хуманите граѓани од Делчево и околината.

Жиро сметката на која хуманите можат да донираат е со број 300057075450615 на име Сузана Белогазовска, Комерцијална банка АД Скопје.

На Дејан порано му била извршена една операција, но неуспешна, а средствата биле обезбедени со помош од хумани граѓани.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тежок е животот во 21 век за семејството Миленковски од делчевското село Град: Без струја и основни хигиенски услови

Редакција

Исчезнат е Александар Јошески од Прилеп, од вчера му се губи секаква трага

Редакција

Да помогнеме детето да се спаси: Четиригодишната Симона боледува од акутна нелимфобластна леукемија

Редакција