еМагазин
Image default
Македонија

Семејството на „Ел Чека“ заминало за Албанија, тој најави дека ќе се врати во Македонија

Телевизијата ТВ21 направи репортажа од селото Туин, кичевско, родното место на „бомбашот“ од Чикаго, „Ел Чека“ или Шеќерим Ахмети.

Екипата на телевизијата разговарала со неговата баба, која останала сама, бидејќи неговото семејство заминало во Албанија.

Во репортажата телевизијата открива и дека „Ел Чека“ и новиот директор на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу биле соседи во селото Туин.

„Ел Чека“ со пост на Фејсбук реагираше на репортажата и порача дека ќе се врати во Македонија и најави куршуми за предавниците:

„Држи се бабо, наскоро ќе се вратам, не грижи се за таа куќа. Крвта на мачениците „Командант Куштрими“ – Харун Алиу, Бег Ризај и Мирсад Ндрецај. Куршум за предавниците“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Ел Чека: Објавува „бомби“ од Чикаго, а по потекло е од кичевско

„Ел Чека“ не мирува, објави нови „бомби“ и повторно му се заканува на Заев

Дали некој се уште прислушува: Дел од „бомбите“ на „Ел Чека“ се после формирањето на СЈО и ОТА?

Фото: Фејсбук/Ел Чека

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вештачењето во „Тврдина-Таргет” е изготвено од лице без лиценца, вели Јанкулоска

Редакција

Во Охрид 78 активни случаи на коронавирусот, во Струга двојно повеќе

Редакција

„Тврдокорни“ неколку медиуми ги прогласија за непријатели на македонскиот народ

Редакција