еМагазин
Image default
ЖИВОТ

СЕММ и ЗНМ апелираат за професионално и одговорно известување за Парадата на гордоста

Во пресрет на Парадата на гордоста, што ќе се одржи на 29 јуни во Скопје, Советот за етика во медиумите (СЕММ) и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ги повикуваат медиумите да известуваат професионално и одговорно, третирајќи ги темите што ја засегаат ЛГБТ заедницата низ призма на афирмација на човековите права и осудувајќи го говорот на омраза и дискриминацијата врз основа на сексуалната ориентација и родовиот идентитет.

-Особено апелираме до медиумите да не дозволат да бидат злоупотребени и да послужат како средство за упатување повици за обединување на поединци и групи за радикално однесување и постапки кои го загрозуваат јавниот ред и мир во општеството, се вели во соопштението од СЕММ и ЗНМ.

Оттаму потсетуваат на Препораката на Советот на Европа од 2010 за борба со дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација или родов идентитет, според која земјите – членки треба да преземат соодветни мерки за борба против сите феномени на изразување, вклучително и во медиумите и на Интернет, за кои што со право се смета дека ќе имаат ефект на поттикнување, ширење или промовирање на омраза и други форми на дискриминација на ЛГБТ лицата.

Таквиот говор на омраза, велат од СЕММ и ЗНМ, треба да биде забранет и јавно отфрлен секогаш кога ќе се случи.

Во исто време, ги потсетуваат медиумите на Декларацијата за етичко и професионално известување за теми поврзани со ЛГБТИ на Коалицијата Маргини, Советот за етика во медиумите, Здружението на новинари на Македонија и Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиуми.

Принципите на овој кодекс, потсетуваат се дека е потребно нестереотипизирачко известување за ЛГБТИ, воздржување од и осуда на говорот на омраза врз основа на сексуална ориентација, родов идентитет или која било припадност на историски и општествено маргинализирана група, известување за жртвите на насилство и дискриминација обоено со емпатија и солидарност, како и непарцијално известување за активностите на ЛГБТИ заедницата и активистите за човекови права во рамки на целокупната општествена, политичка и културна сфера, почитувајќи ги нивниот личен интегритет, мислење и активности.

Овој кодекс обврзува и на вклученост на гласовите и перспективите на ЛГБТИ луѓето и активистите за нивни права, во прилози поврзани со теми кои директно ги засегаат, како и настани и проблеми кои го засегаат целокупното македонско општество, почитување и имплементација на одлуките и препораките на еснафските, саморегулаторните и регулаторните тела и здруженија поврзани со заштитата и почитувањето на човековите права на ЛГБТИ, сензитивизација на медиумските работници за известување за теми поврзани со ЛГБТИ и соработка со граѓанските здруженија кои се застапуваат за правата на ЛГБТИ, преку размена на информации кои ќе овозможат интегрален и непарцијален приказ на проблемите кои ги засегаат ЛГБТИ.

Од СЕММ и ЗНМ очекуваат медиумите да ги отстрануваат коментарите од посетителите на нивните веб-страници и на социјалните мрежи кои содржат повици за насилство, навреди и говор на омраза за сексуалната ориентација и родовиот идентитет.

Во исто време, апелираме сите регистрирани случаи на кршење на професионалните стандарди во известувањето на медиумите да се пријавуваат до СЕММ, преку пополнување на формуларот на следниов линк: semm.mk, како и до Советот на честа при ЗНМ преку пријавата достапна на следниов линк: znm.org.mk.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На првата Парада на гордоста во Скопје ќе пее Тамара, ќе се обрати министерката Царовска, а се очекуваат и други министри и пратеници

На 29. јуни во Скопје две паради: Едната за подршка на ЛГБТИ заедницата, другата за за поддршка на традицијата, бракот и семејството

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски: Ако со „југото“ се појавев на митинг, ќе требаше да го туркам за да стигнам

Редакција

За викендот и во понеделник сончево, во вторник дожд

Редакција

Вевчанска маска предизвика остри реакции од јавноста, бидејќи повреди верски чувства

Редакција