еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Сергеј Самсоненко стана најголем акционер во „Жито Полог“: Може заминува од Вардар, но не од Македонија

Рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко стана најголем поединечен акционер во „Жито Полог“ АД Тетово откако се стекна со 5.000 обични акции и сега поседува вкупно 8.650 обични акции, што претставува 15,45 % од вкупниот број на издадени акции на друштвото.

Истовремено акционерот ЗК „Пелагонија“ АД-Битола продаде 5.000 обични акции со право на глас издадени од „Жито Полог“ АД Тетово и сега поседува вкупно 5.047 обични акции со право на глас издадени од „Жито Полог“ АД Тетово, што претставува 9,01 % од вкупниот број на издадени акции на друштвото.

Интересна е акционерската структура на двете компании во која се јавуваат добро познати фирми и лица поврзани со Јордан Камчев и Цветан Панделески.

ПРИСУТЕН И ВО СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА

Собранието на акционери на Стопанска банка Битола неодамна ја именува Гордана Темелковска Костовска за член на Надзорниот одбор на банката.

Како што пишуваше „еМагазин“, Самсоненко и транспортната компанија „Руле турс“ преку берзата соопштија дека ја номинираат за член на Надзорниот одбор на банката со здружени сили.

Имено, тие тогаш соопштија дека Самсоненко поседува 19.500 акции од банката односно 4,98 отсто од вкупниот број акции, а „Руле турс“ поседува 15.966 акции односно 4,08 отсто од сопственоста во банката.

Во дописот до берзата тие објаснија дека го користат нивното право како акционери согласно Законот за трговски друштва да номинираат свој кандидат.

НЕКОЛКУ ПАТИ СИ ЗАМИНУВА ОД ВАРДАР

Неколку пати досега Самсоненко најавува повлекување од фудбалскиот клуб Вардар. Последен пат, македонските медиуми ваква вест пренесоа во јануари, годинава. Со образложение дека нема сили за понатаму тој досега четири пат најави повлекување од клубот, но потоа се пишмани.

Без оглед на тоа дали овој пат најавата ќе се оствари, фудбалскиот клуб е очигледно во незавидна финансиска ситуација ако се земе предвид дека редовно се појавува на листата на должници на УЈП за непплатени давачки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сергеј Самсоненко купи 5.000 акции од „Жито Полог“

Кандидатката на Сергеј Самсоненко и „Руле турс“ именувана за член на Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола

Звучни имиња на листата должници на УЈП: Меѓу нив и 1ТВ и ФК Вардар на Сергеј Самсоненко

Самсоненко заминува од РК Вардар: Приходот на клубот не е ни 10 проценти од она што го давам

Орце Камчев и Цветан Панделески за 24 милиони евра си купуваат златна кокошка „сами од себе“

Фото: ФК Вардар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И по 13 години, изградбата на магистралните гасоводи не е целосно завршена и дел од нив не се ставени во употреба

Редакција

Нови 96 случаи на Ковид-19, оздравени 37, тројца починати

Редакција

Од 1. јуни летови од Скопје до грчкиот остров Крф

Редакција