еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО

Македонија и Албанија ќе ги реновираат основното и средно училиште во Пустец

Пријателските односи меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија продолжуваат да се зацврстуваат со реализација на проекти од заеднички интерес, информираат од Влада.

„Најновиот резултат од пријателските односи меѓу двете држави е одлуката за реконструкција на заедничкото, основно и средно училиште во Пустец, која беше дел од заклучоците на заедничката седница на владите на двете земји во Поградец минатата година.

Оваа одлука дојде како резултат на претходната активност на премиерот Зоран Заев и министерот задолжен за дијаспората Едмонд Адеми, во иницијативата на Владата на Република Албанија за реконструкција на 33 основни и средни училишта во Албанија, да биде вклучено и заедничкото основно и средно училиште во Пустец, во кое наставата се изведува на македонски и на албански јазик.

Реновирањето на училиштето во Пустец, веќе подолг период беше барање на македонската заедница која живее во Пустец, а нејзиното реализирање уште еднаш ги потврдува одличните односи помеѓу двете држави, и потврдува дека  Албанците во Северна Македонија и Македонците во Албанија се мост за градење блиски односи“, се вели во соопштението на Влада.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За да се скрати времето на чекање, компаниите бараат заедничко царинење со Албанија и Србија

Редакција

(Видео) Ципрас со цитати од македонските поети Конески и Мартиновски му даде подршка на Заев

Редакција

Во Охрид отворен Конзулат на Србија, за почесен конзул е избран Михајло Филев

Редакција