еМагазин
Image default
Македонија

Северна Македонија и Грузија воспоставија дипломатски односи

Денеска, за време на Минхенската безбедносна конференција, министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров и министерот за надворешни работи на Грузија, Давид Залкалиани го потпишаа Протоколот за воспоставување дипломатски односи меѓу двете земји.

„Двајцата министри изразија очекување дека овој чин претставува вовед во отворање на ново поглавје во билатералните односи, интензивирање на политичкиот дијалог и продлабочување на соработката во сите сфери од заемен интерес.

На средбата беа разменети мислења и за актуелни теми од регионален и глобален интерес. Притоа, министерот Залкалиани упати честитки за потпишувањето на пристапниот протокол за членство на Република Северна Македонија во НАТО и го поздрави севкупниот напредок на нашата земја во процесот на евроатлантските интеграции, изразувајќи надеж дека и Грузија ќе успее да го изоди истиот пат кон остварување на своите надворешно- политички приоритети.

Во рамки на досегашното учество на Минхенската безбедносна конференција, МНР Димитров оствари билатерални средби со Розмари ди Карло, потсекретар за политички прашања на ОН и Карин Кнајсел, МНР на Австрија, а на маргините на настанот, разговараше и со своите хомолози од Хрватска, Бугарија, Албанија, Кипар, Белгија и Обединетото Кралство“, се вели во соопштението на МНР.

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штипската Клиничка болница го адаптира Кожното одделение за прием на пациенти со Ковид-19

Редакција

Заев за средбата со Боки 13: Состанокот беше за отворање на старечки домови

Редакција

Продолжува штрајкот во училиштата, градинките од утре работат редовно

Редакција