еМагазин
Image default
Македонија

Шеќеринска: 90 проценти од времето на лидерските средби беше потрошено на барањето на ВМРО-ДПМНЕ за амнестија

Одговорно тврдам и барам јавно да ме демантираат дека 90 проценти од времето на лидерските средби беше потрошено на барањето на ВМРО-ДПМНЕ за амнестија, изјави вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шеќеринска во интервју за телевизијата Канал 5.

Појасни дека барањето не било преку чин на амнестија, туку преку измена на членот 353 од Кривичниот законик, кој ја дефинира злоупотребата на службена должност, а потоа и еден мал обид тоа да се направи и преку измена во Законот за финансирање на политичките партии.

– Единствениот интерес кој го имаа на таа маса беше да се промени Кривичниот законик за да паднат во вода клучните обвиненија кон првите луѓе од поранешното раководство во ВМРО-ДПМНЕ. Ние рековме дека со тоа не согласуваме, и дека нема да дозволиме заради референдумот да бидеме уценети со амнестија, изјави Шеќеринска.

Кога ВМРО-ДПМНЕ требаше да одлучи, продолжи таа, дали повеќе да мислат на државата или на поранешната врхушка, тие го избраа второто.

– Очекуваме секој од членовите на Парламентот да донесе одлука која е добра за државата. Членот 353, нема што да го дискутираме ако ВМРО-ДПМНЕ не бараше амнестија. Таков тип на уцени се лоши за ВМРО-ДПМНЕ, таков тип на уцени се лоши за СДСМ, но таков тип на уцени се катастрофа за оваа држава, рече Шеќеринска.

Фото: Фејсбук/Шекеринска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

После подолго време, бројката на оздравени е повисока од бројот на заразени со Ковид-19 и изнесува 528

Редакција

Меркел му пишала на Заев за важноста од усвојувањето на уставните амандмани

Редакција

Телото за помирување проработи без ВМРО ДПМНЕ, за следниот состанок поканет и Заев

Редакција