еМагазин
Image default
Македонија

Шефот на холандската дипломатија Хукстра и словачката претседателка Чапутова во посета на Македонија

Шефот на холандската дипломатија Вопке Хукстра денеска ќе престојува во работна посета на Македонија.

Хустра ќе биде примен од неговиот домаќин, министерот за надворешни работи Бујар Османи, при што ќе одржат пленарен состанок и прес-конференција.

Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе биде домаќин на претседателката на Словачката Република, Зузана Чапутова, која ќе престојува во официјална дводневна посета на државата.

Како што најавија од претседателскиот кабинет, словачката претседателка ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести, по што ќе следува тет-а-тет средба меѓу претседателите и пленарен состанок на делегациите.

Во рамки на посетата, во црквата „Св. Спас“ во Скопје претседателката Чапутова и претседателот Пендаровски ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев.

Исто така, претседателката Чапутова и словачката делегација на платото пред Владата ќе ги пречека и премиерот Димитар Ковачевски.

Според агендата, после пречекот, премиерот Ковачевски и претседателката Чапутова ќе имаат билатерална средба со членовите на двете делегации.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Украдено македонското знаме поставено пред Конзулатот на Монголија

Редакција

Во Велес пет нови случаи на Ковид-19, двајца оздравени

Редакција

Проф. Трајковски: Досега од Ковид-19 е изгубено население колку еден град со големина помеѓу Гевгелија и Радовиш

Редакција