еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Шекеринска, Димитров, Пендаровски и Спасовски „намигнуваат“: Кој ќе биде претседателски кандидат на СДСМ?

СДСМ како што изјави нејзиниот лидер Зоран Заев, деновиве го мери рејтингот на десетина можни кандидати за претседател на државата.

Но, веќе извесен период неколку имиња неофицијално се вртат по медиумите и во политичките кругови.

Станува збор за вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, националниот кординатор за НАТО, Стево Пендаровски, за кој е интересно да се напомене дека работел за двајца македонски претседатели и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Дел од нив не ги кријат своите амбиции, дел даваат дипломатски одговори на прашањето дали ќе бидат кандидат за претседател на државата од СДСМ.

И покрај тоа што Заев неколку пати рече дека не планира да се кандидира за претседател на државата, неговото име се уште се спомнува, а и тој лично има најголем рејтинг во СДСМ.

Во петок раководството на СДСМ треба да одлучува дали со претседателските избори ќе има и предвремени парламентарни избори, како што бара ВМРО-ДПМНЕ, па за очекување е и меѓудругото да стане појасно кој се ќе биде во „игра“ за кандидат за претседател на државата од СДСМ и дали тој ќе биде заеднички кандидат со коалциониот партнер ДУИ, како што се шпекулира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Твитер за претседателските кандидати: „Ако треба да се бира меѓу Ѓорчев и Спасовски, јас гласам за Хорхе„

Двајца од десетте можни кандидатии за претседател на држвата, чии рејтинг го мери СДСМ се Албанци

Никола Димитров не ја исклучува можноста да се кандидира за претседател на државата

СДСМ го мери рејтингот на десет можни кандидати за претседател на државата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Загадувањето на воздухот ги прави антибиотиците неефикасни

Редакција

Како детето што постојано бара адреналин, Арафат Муареми, стана директор на Управата за финансиска полиција

Жан Митрев може да понуди и друга гаранција: Обвинителката за замрзнувањето на сметките на клиниката

Редакција