еМагазин
Image default
Македонија

Шекеринска потврди дека е на снимката со Боки 13 и Катица Јанева

Во гостување во емисијата „Само вистина“, на Канал 5, министерката за одбрана и вицепремиерка, Радмила Шекеринска, потврди дека таа е на снимката од домот на осудениот во „Рекет“, Бојан Јовановски-Боки 13, која беше неодамна објавена, а на која се гледа како двајцата седат во друштво на исто така осудената за истиот случај, поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) „Бомба“ од домот на Боки13, на гости му се Шекеринска и Катица Јанева

“Во ниту еден момент не ја лажев јавноста. Се имам сретнато и со едниот и со другиот и со двајцата заедно. Но, јас немам никаква поврзаност со акциите на тие двајца за кои се соочија пред судот“, рече Шекеринска.

Таа рече и дека за таа снимка е интересно што прво покажува дека не бил само еден што снимал во тој случај и тоа го нарече како „интересни заднински врски“, но не можеше да посочи кој би можел да ја сними или кога точно била направена снимката.

„Зборувавме за една многу актуелна тема во тоа време, а тоа беше зошто не може да се донесе Законот за јавно обвинителство“, рече Шекеринска.

Рече и дека се среќавала и со други сопственици на медиуми и дека тоа го правеле и политичарите од опозицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Боки 13 поднел 40 кривични пријави за функционери и бизнисмени: Единствено ќе ме спречат доколку ме лишат од живот

Фото: МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За опозициските партии новата Влада ќе биде дувло на криминалот и измамниците

Редакција

Влада: Одлуката на Бугарија е неуспех за ЕУ, македонскиот идентитет и јазик не се предмет на преговори, ќе продолжиме да бараме решение

Редакција

„Македонија си го смени името, парите и пасошите“: Што пишуваат регионалните медиуми за ратификацијата на Договорот од Преспа

Редакција