еМагазин
Image default
Македонија

Шекеринска: Правдата и помилувањето не се исклучиви, тие се надополнуваат

Правдата и помилувањето не се исклучиви, тие се надополнуваат. Пораката што ја испрати вчера премиерот беше токму во таа насока дека на оваа држава и е неопходна правда, изјави вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска во врска со вчерашната порака на премиерот Зоран Заев во обраќањето пред пратениците во Собранието каде што се расправа за уставни измени дека сега е момент за помирување.

– Тоа го ветивме и тоа го работиме. И покажуваме дека власта не е таа што одлучува како треба да функционира правната држава, додаде Шекеринска.

Таа истакна дека Владата не се меша, ги почитува основните права, но во истовреме поделена држава не е држава која оди напред.

На новинарско прашање дали доколку се направи компромис со обвинетите за настаните од 27 април, всушност граѓаните со својот глас ќе го казнат премиерот и власта на следните избори, Шекеринска на прес-конференцијата на која што таа, министерот за надворешни работи Никола Димитров и координаторот за НАТО, Стево Пендаровски информираа за почетокот на претпристапните разговори, нагласи дека политички најлесно е да се продолжи со поделбите.

– Секој кој ќе го нападне другиот политички профитира, меѓутоа покажавме и во случајот со нашиот однос со соседите и во однос на нашата ситуација дома дека сакаме да водиме грижа за државните, а не за нашите партиски интереси, истакна Шекеринска.

Таа додаде дека има голем број теми околу кои политичарите може да имаат разлики, но оти има и теми за коишто е важно да се покаже заедништво.

Темата, додаде Шекеринска, за која што секогаш биле обединети граѓаните, но и политичарите е членството на Македонија во ЕУ и НАТО.

– Сега е момент да покажеме дека кога е најтешко и кога е најважно Македонија ги носи вистинските одлуки. Тука партиски и лични интереси не смеат да доминираат. Мислам дека премиерот беше многу јасен. Влеговме во оваа операција не за да успееме како личности и како партии, влеговме во сево ова за да успее нашата држава, истакна Шекеринска.

МИА/Фото:Министерство за одбрана

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев: Не ми паѓа на памет да влијаам врз институции и судови

Зијадин Села за повикот на Заев за простување: Не си цар, туку премиер

(ВИДЕО) Простување или амнестија: Кој го разбра Заев што сака да каже?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 359 пациенти болни од Ковид-19

Редакција

Шеваљ Муареми бил уапсен во Дубаи, па ослободен зошто нема докази против него?

Редакција

Најавените реформи во образованието неприфатливи за Педагошкиот факултет-Скопје

Редакција