еМагазин
Image default
Македонија

Шекеринска за повикот војската да помогне за загадувањето: Пуштање Армија на улица е прогласување на вонредност

Според нашето уредување, акциите на војската мора да го почитуваат Уставот. Ако пуштите Армија на улица, тоа според Уставот е прогласување на одреден тип на вонредност, но Армијата е на располагање во поглед на дел од опремата која што се користи, информираше денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска во врска со повикот на невладините организации за вклучување на војската во откривање на загадувачите на амбиенталниот воздух.

– Како влада сметавме дека во прв момент е потребно сите инспекциски служби заедно со полицијата да направат план за заедничка акција. Сметаме дека на ова прашање не можеме да пријдеме административно, туку фокусот треба да ни бидат резултати.

Доколку постои можност за користење на опрема како дрон или дополнителни инструменти што може да ги искористи Армијата, да, но ако пуштите Армија на улица, тоа според Уставот е прогласување на одреден тип на вонредност што не е корисно така лесно да се применува во демократски држави, истакна Шекеринска.

Таа информираше дека Владата издвоила голема сума средства за директен напад на изворите на загадување како и за пожарите кои се случија минатиот месец, кои, според неа, не се случајни и дека сите пожари се резултат на човечка грешка или човечка одлука и дека тоа треба да се санкционира.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Ветуваат трамваи за намалување на загадувањето, а одат со 5 возила придружба на работа“: Твитер реакции

Граѓанските здруженија бараат од Заев и Пендаровски армијата и полицијата да се вклучат во борбата против загадувањето

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски му одговори на Заев од кревет на Инфективна: Од мене ќе се спасите ако не се разбудам утре

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ: Предлог-амандманите за Законот за јавното обвинителство се поднесени, Дескоска да го провери мејлот

Редакција

Македонија ќе купи систем за противвоздушна одбрана од Франција, договорот е потпишан

Редакција