еМагазин
Image default
Локално

Шест часа се гасеше пожар во поранешната касарна во Струмица

Шест часа струмичките пожарникари го гаснеа големиот пожар што избувна вчера во 17 часот во најголемиот објект од поранешната касарна во Струмица, соопштија од Територијалната против пожарна единица.

„Гореше поранешната командно-штабна зграда со површина од околу 2.000 метри квадратни. Гаснењето беше исклучително тешко поради староста на зградата во која меѓукатните конструкции беа од греди, даски и трски поради кои пожарот се ширеше со голема брзина,“ стои во известувањето од ТППЕ Струмица.

Во гаснењето на пожарот учествувале пет противпожарни возила и 17 пожарникари и две цистерни на ЈПКД „Комуналец“ за доставување на вода.

Дежурни екипи останале на местото на пожарот во текот на ноќта, бидејќи силниот ветер повторно разгорувал дел од опожарените греди.

На 25 март годинава во пожар во поранешната струмичка касарна изгоре објектот во кој беше сместена регионалната телевизија „ВИС“, а големи штети претрпеа конфекциски погон и печатница.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пијани браќа нападнале полицајци кои интервенирале по пријава за гласна музика

Редакција

Откриена спрега меѓу градежната мафија и инспекторите во Гостивар

Редакција

Холанѓанец пронајден мртов во Трпејца

Редакција