еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Шест македонски научници се најдоа на листата на топ 2% најцитирани и највлијателни научници на светско ниво

Професорот Љупчo Коцарев (претседател на МАНУ), професорот Леонид Грчев (член на МАНУ), професорот Валентин Мирчески (Институт за Хемија при ПМФ Скопје), професорот Рубин Гулабоски (Факултет за медицински науки на Универзитетот Гоце Делчев Штип), како и пензионираните професори Иван Грозданов и Трајче Стафилов (двајцата од Институт за Хемија при ПМФ Скопје) се најдоа на листата на Stanford University USA за највлијатилени и најцитирани научници за 2020 година, пишува studenti.mk.

На листата е и професор Ратко Јанев (член на МАНУ), кој за жал почина пред една година.

Листата на најдобрите 2% светски научници за 2020 година е резултат на опсежни анализи на научниците од Stanford Универзитетот (втор најдобар универзитет во светот), за чие формирање се анализирани голем број на релевантни индикатори како што се број на објавени трудови, цитираност, вкупен број на објавени трудови, h-index на цитираност, број на поминати години од првиот објавен труд на научниците, како и вкупен импакт во соодветното поле на истражување.

Ова е огромен успех за македонските научници и за македонската наука, знаејќи дека години наназад не постојат ни минимални услови за наука во Македонија, а годишно од буџетот на Македонија се издвојуваат помалку од 0.1% за наука во последните 15 години.

Фото: МАНУ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Амбасадорката на САД се вклучи во проектот на Пивара Скопје за доедукација на младите за нивно полесно вработување

Редакција

Милион денари од Златна Рипка  во Прилеп

Редакција

МЕПСО вработи шест стипендисти – електроинженери

Редакција