еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Шилегов ќе предложи до Советот на Град Скопје да му се додели парична награда на шампионот Алили

Градоначалникот Петре Шилегов и заменик-градоначалникот на Скопје, Енвер Малиќи, денеска, во просториите на Град Скопје го пречекаа европскиот шампион во борење за кадети, Бесир Алили.

На средбата присуствуваа и други борачи од нашата земја, кои се натпреваруваа на шампионатот, а освоија две петти и две седми места, како и претставници од Федерацијата на боречки спортови.

„Успехот на Бесир ни ги наполни срцата. Тој е корисник и на стипендија од Град Скопје за 2019 година, како талентиран средношколец-спортист. Посакувам нормите да се исполнат и да отидеме на Олимпијада. Советот на Град Скопје на 5 јули ќе одржи седница, а јас ќе излезам со предлог да доделиме парична награда и за клубот и за шампионот“, рече на средбата Шилегов.

Малиќи рече дека му претставува големо задоволство што граѓаните на Скопје му приредија убав пречек на шампионот на плоштадот „Скендербег“.

Младиот Бесир Алили го освои златниот медал на Европското првенство во борење за кадети кое се одржа во Фиренца, Италија.

Ова е голем успех за Алили кој се натпреваруваше во категоријата слободен стил до 48 килограми и претставува прв златен медал за македонски репрезентативец на европско кадетско првенство.

Градот Скопје во 2018 година го прогласи Бесир Алили за најдобар спортист на Град Скопје во категоријата – Најталентиран млад спортист – кадет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Како изгледаше пречекот на европскиот шампион Бесир Алили на плоштадот Скендербег

Идниот Трстена, малиот Бесир Алили ги разнежни твитерџиите: „Твојот успех е и наш успех!„

(Видео) Aлили стана европски шампион во борење и ја израдува Македонија

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Зградите и обележјата во Скопје во сина боја за Светскиот ден на детето

Редакција

Отворени денови на ММ Publications на штандот на „Арс студио“ на Саем на книга 2019

Редакција

(Фото) НЛБ Галерија: Изложба на фотографии од небото над Крушево полно со змејови

Редакција