еМагазин
Image default
Македонија

Шпанскиот амбасадор ја предаде во Стејт департментот ратификацијата за членство на Македонија во НАТО

Шпанскиот амбасадор во САД, Сантиаго Кабанас, синоќа во Стејт департментот се сретна со заменик државниот секретар, Филип Рикер и го предаде оригиналниот документ на ратификација од Пристапниот протокол за членство на Северна Македонија во НАТО.

Документот неделава беше изгласан во Сенатот и потпишан од кралот на Шпанија, Фелипе Шести.

-Добредојдовте во семејството на НАТО, порача амбасадата до македонското МНР и до Северна Македонија синоќа во соопштение на Твитер.

Стејт департментот сега треба да ги извести сојузниците дека сите земји членки на воената Алијанса ги депонирале ратификациите во Канцеларијата за меѓународни спогодби. Откако ќе добие писмо од генералниот секретар Јенс Столтенберг, тоа треба да го стори и Северна Македонија, по што нашата земја и официјални ќе стане 30. земја членка на НАТО.

Во меѓународното право, САД се јавуваат во својство на депо каде се депонираат и чуваат оригиналите на сите меѓународни договори.

Во архивите на Канцеларијата за меѓународни спогодби при Стејт департментот, на пример, депонирани се оригиналните текстови на Повелбата на Обединетите Нации или Статутот за Меѓународната агенција за атомска енергија.

Меѓу овие значајни историски документи за првпат ќе се најде и документ за независна Македонија, ратификацијата за членство на земјата во НАТО.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Дојче веле“: Десетина лица кои биле во модуларната болница во Тетово, неочекувано се јавија како сведоци

Редакција

Најмногу со прва доза вакцинирани граѓани има во Охрид, Кавадарци, Гевгелија и Неготино

Редакција

Обидите за нелегално минување на македонската граница зголемени за 60 отсто

Редакција